ODF

Холандскиот парламент одобри план за прифаќање на ОДФ

На 12 Декември 2007 година горниот дом на холандскиот парламент официјално ги поддржа плановите на владата за задолжителна употреба на ОДФ од сите владини организации, за читање, објавување и размена на информации од 2008 година.

Преминот кон употреба на ОДФ е една од главните точки од долгоочекуваниот акциски план кој ја дефинира применетата политика за отворени стандарди и слободен софтвер на Холандија.
Сите холандски почитички партии со ентузијазам го поддржале ацискиот план кој во септември е предложен од државниот секретар за економски работи г-нот Френк Хемскерк.

Времеснката рамка за премин кон ОДФ е целосна употреба од страна на холандските државни тела до Април 2008. а на сите владини нивоа најкасно до Декември 2008. Овој амбициозен план беше е прифатен во целост и дури беа извршени дополнителни корекции за зголемување на буџетот за оваа програма, креирање на тим за брзо распоредување за справување со отворени стандарди и посебен план за воведување на ОДФ ( и други отворени стандарди) во холандскиот образовен систем.

Извори:

http://www.heise.de/english/newsticker/news/100520

http://www.betanews.com/article/Netherlands_war_against_Microsoft_advanc...

Петиција против стандардизација на Microsoft Office форматот

Македонската верзија на петицијата против изгласување на OOXML за ИСО стандард е ставена на


Не на OOXML!

Ако сметате дека е валидна, можете да ја потпишете.

Syndicate content