Оваа среда СподелиКино великодушно го отстапува терминот за една кратка презентација по повод Денот на слобода на документите организирана од Слободен софтвер Македонија во Културниот центар точка од 20 часот на 26 март.

Оваа манифестација се ќе се оддржи на 26 март 2008 година во повеќе земји во
светот, иницирана од Европската фондација за слободен софтвер. Целта е да се подигне
свеснота за употреба на отворени стандарди и документи кои ќе можат да се употребуваа
на било која платформа во било кое време
Слободата на документите претствавува користење на отворени формати за нивен запис
кои се базираат на отворени стандарди со тоа вашите податоци остануваат за секогаш под ваша
контрола и ниеден неслободен формат неможе да ги зароби.
Покрај овој вовед програмата за оваа среда е
Повелете, придружете ни се!
На 12 Декември 2007 година горниот дом на холандскиот парламент официјално ги поддржа плановите на владата за задолжителна употреба на ОДФ од сите владини организации, за читање, објавување и размена на информации од 2008 година.
Преминот кон употреба на ОДФ е една од главните точки од долгоочекуваниот акциски план кој ја дефинира применетата политика за отворени стандарди и слободен софтвер на Холандија.
Сите холандски почитички партии со ентузијазам го поддржале ацискиот план кој во септември е предложен од државниот секретар за економски работи г-нот Френк Хемскерк.
Времеснката рамка за премин кон ОДФ е целосна употреба од страна на холандските државни тела до Април 2008. а на сите владини нивоа најкасно до Декември 2008. Овој амбициозен план беше е прифатен во целост и дури беа извршени дополнителни корекции за зголемување на буџетот за оваа програма, креирање на тим за брзо распоредување за справување со отворени стандарди и посебен план за воведување на ОДФ ( и други отворени стандарди) во холандскиот образовен систем.
Извори:
http://www.heise.de/english/newsticker/news/100520
http://www.betanews.com/article/Netherlands_war_against_Microsoft_advanc...
Фондацијата Слободен софтвер Европа, подготви документ од шест точки што треба да се дистрибуира до националните тела за стандардизација во секоја европска држава, по повод процесот на стандардизација на ECMA MS-OOXML стандардот за документи.
Подолу можете да ја најдете македонската верзија на овој документ, кој објаснува зошто нема потреба од стандардизација на MSOOXML, што не е во ред со него и зошто националните тела не треба да го стандардизираат.
Коај е потребата од стандарди за формарти на документи ако секој производител почне да продуцира сопствен стандард.
Норвешка предлага задолжителна употреба на ОДФ и ПДФ од страна на Владата
Норвешка само што се придружи на големиот број на земји шурум европа кои преминуваат кон користење на ОДФ.
Норвешкиот совет за стандарди предложен од Владата, препорача ОДФ да биде задолжителен формат за размена на документи и преземање на документи кои може да се уредуваат, и ПДФ за објавување на докумнети кои не може да се уредуваат и менуваат на интернет.
Препораката, која ја претстави норвершката министерка за обнова Хајди Гранде Ројс ( од Социјалистичката партија),
исто така содржи и повик за приближување на ОДФ и ООXML се со цел да се избегне постоењето на два стандарди за иста употреба.
Препораките на советот ќе бидат предмет на јавна расправа, а мислењата треба да се достават пред 20 август 2007.
Потоа се очекува Владата да ја донесе одлуката откако ќе заврши јавната расправа.