пдф

Норвешка предлага задолжителна употреба на ОДФ и ПДФ

Норвешка предлага задолжителна употреба на ОДФ и ПДФ од страна на Владата

Норвешка само што се придружи на големиот број на земји шурум европа кои преминуваат кон користење на ОДФ.
Норвешкиот совет за стандарди предложен од Владата, препорача ОДФ да биде задолжителен формат за размена на документи и преземање на документи кои може да се уредуваат, и ПДФ за објавување на докумнети кои не може да се уредуваат и менуваат на интернет.

Препораката, која ја претстави норвершката министерка за обнова Хајди Гранде Ројс ( од Социјалистичката партија),
исто така содржи и повик за приближување на ОДФ и ООXML се со цел да се избегне постоењето на два стандарди за иста употреба.

Препораките на советот ќе бидат предмет на јавна расправа, а мислењата треба да се достават пред 20 август 2007.

Потоа се очекува Владата да ја донесе одлуката откако ќе заврши јавната расправа.

Syndicate content