Стандарди

Отворениот стандард за документи е развиен од Техничкиот комитет (ТК) на Организацијата за унапредување на стандардите за структуирани информации кој спаѓа во конзорциумот на OASIS. ОДФ-ТК има членови од различни компании и индивидуалци со исти права како и останатите. Процесот на стандардизирање вклучува многу од членовите на развивачките тимови на различни канцелариски пакети и слични групации за документи. Првиот официјален ОДФ-ТК состанок каде се дискутираше стандардот се одржа во 2002 на 16 декември. OASIS го одобри ОДФ како нивен стандард на 1 мај 2005. OASIS ги достави спецификациите за ОДФ на Техничкиот комитет при ISO/IEC на 16 ноември 2005, според правилата на Јавно достапните спецификации.

По шест месечен период на сеопфатно прегледување, на 3 мај 2006, ОДФ едногласно беше усвоен со гласање во наведените институции со опсежно присуство, по што спецификациите за Отворениот формат за документи беше "одобрен како ISO и IEC меѓународен стандард".

По одговорите на сите коментари поврзани со гласањето, ОДФ остана да биде издаден и од страна на ISO, што и официјално е направено на 30 ноември 2006г.

Италијанската организација за стандардизација UNI, го прифати форматот на 25 јануари, 2007г.

Понатамошната работа врз стандардизирањето на ОДФ вклучува:

  • Отворениот формат за документи 1.0 (второ издание) го има статусот на спецификација од комитетот при OASIS. Вклучува изменувања од уредници кои се поврзани со коментарите и предлозите за JTC1 гласањето и како таков го рефлектира одобрениот ISO/IEC 26300:2006 стандард, како и конечниот текст од уредникот од ISO/IEC задолжен за овој проект
  • Отворениот формат за документи 1.1 е одобрен од OASIS во 2006 на 19 октомври. Вклучува дополнителни можности кои се однесуваат на прашања поврзани со пристапноста
  • Спецификациите за Отворениот формат за документи за канцелариски апликации в1.1 беше одобрен како OASIS стандард на 1 февруари 2007 што дојде по повикот за гласање од 16 јануари 2007. Јавното соопштение е објавено на 13 февруари 2007
  • Отворениот формат за документи в1.2 моментално се пишува од страна на ТК-ОДФ. Ќе вклучува дополнителни можности за пристапност, подобрување на мета-податоците, спецификации за табеларни формули базирани на работата од Отворениот формат за формули (ОДФ 1.0 не нуди детални спецификации за табеларни формули, што остава многу аспекти дефинирани според имплементацијата) како и исправки за списокот на печатни грешки пријавени од јавноста. Првично ОДФ 1.2 се очекува за октомври 2007. Сепак, знаејќи дека многу од активностите поврзани со новата верзија ќе бидат завршени порано (пр. подкомитетот за формули се очекува да ја заврши својата работа во Декември 2006), групацијата се сложи да направи нов распоред на активности.
  • Забелешка:
    Преземено од Викито за слободен софтвер .