Голем број од постоечките апликации и програми (и слободни и неслободни) го поддржуваат Отворениот формат за документи. Три од нај проминентните канцелариски пакети кои го поддржуваат овој формат се
и двата пакети се слободен софтвер, како и StarOffice, неслободен софтвер.
Со оглед на тоа што постојат повеќе независни имплементации за ODF стандардот, секоја со различен степен на зрелост и целовитост, не е зачудувачка е потребата за тестирање на интероперабилноста. Организацијата OpenDocument Fellowship има направено неколку тестови и ги има оценето различните имплементации. Споредбата можете да ја погледнете тука.
Фондацијата за ОДФ и други слични организации објавија развој на додатоци и филтри за поддршка на ОДФ во производите на Microsoft.
Иако Microsoft Office не поддржува ОДФ, компанијата иницирала проект за изработка на преведувач за Open XML со што треба да се направи технички мост помеѓу Open XML и Отворениот формат. Како резултат на овој проект, Microsoft го спонзорираше проектот за изработка додаток за Word со што ќе се овозможи вметнување на ОДФ документи што ќе биде лиценциран под BSD лиценцата. Проектот објави верзија 1.0 за Microsoft Word на софтверот во почетокот на 2007 и планира идни верзии за Microsoft Excel и Microsoft PowerPoint.