На 12 Декември 2007 година горниот дом на холандскиот парламент официјално ги поддржа плановите на владата за задолжителна употреба на ОДФ од сите владини организации, за читање, објавување и размена на информации од 2008 година.
Преминот кон употреба на ОДФ е една од главните точки од долгоочекуваниот акциски план кој ја дефинира применетата политика за отворени стандарди и слободен софтвер на Холандија.
Сите холандски почитички партии со ентузијазам го поддржале ацискиот план кој во септември е предложен од државниот секретар за економски работи г-нот Френк Хемскерк.
Времеснката рамка за премин кон ОДФ е целосна употреба од страна на холандските државни тела до Април 2008. а на сите владини нивоа најкасно до Декември 2008. Овој амбициозен план беше е прифатен во целост и дури беа извршени дополнителни корекции за зголемување на буџетот за оваа програма, креирање на тим за брзо распоредување за справување со отворени стандарди и посебен план за воведување на ОДФ ( и други отворени стандарди) во холандскиот образовен систем.
Извори:
http://www.heise.de/english/newsticker/news/100520
http://www.betanews.com/article/Netherlands_war_against_Microsoft_advanc...