Слободен Софтвер Македонија го отвора овој ресурсен центар за отворениот формат на документи, како поттик за подигнување на нивото на интероперабилност и запознавање со придобивките од користење на ОДФ. Отворениот стандард ОДФ е развиен од Техничкиот комитет (ТК) на Организацијата за унапредување на стандардите за структуирани информации кој спаѓа во конзорциумот на OASIS.