Интероперабилноста е од витално  значење во секое информациско општество, поради збогатување на информациите  за Отворениот формат за документи Слободен софтвер Македонија го отвора овој ресурсен центар.

Добредојдовте!

Слободен Софтвер Македонија го отвора овој ресурсен центар за отворениот формат на документи, како поттик за подигнување на нивото на интероперабилност и запознавање со придобивките од користење на ОДФ. Отворениот стандард ОДФ  е развиен од Техничкиот комитет (ТК) на Организацијата за унапредување на стандардите за структуирани информации кој спаѓа во конзорциумот на OASIS.

Ден на слобода на документите, 26 март 2008, културен Центар Точка

Оваа среда СподелиКино великодушно го отстапува терминот за една кратка презентација по повод Денот на слобода на документите организирана од Слободен софтвер Македонија во Културниот центар точка од 20 часот на 26 март.
DFD_2008
Оваа манифестација се ќе се оддржи на 26 март 2008 година во повеќе земји во
светот, иницирана од Европската фондација за слободен софтвер. Целта е да се подигне
свеснота за употреба на отворени стандарди и документи кои ќе можат да се употребуваа
на било која платформа во било кое време

Слободата на документите претствавува користење на отворени формати за нивен запис
кои се базираат на отворени стандарди со тоа вашите податоци остануваат за секогаш под ваша
контрола и ниеден неслободен формат неможе да ги зароби.

Покрај овој вовед програмата за оваа среда е

  • вовед за денот на слобода на документите
  • презентација (Што се слободни документи? Зошто ми се потребни? И како до нив?)
  • практични примери од нашето е-секојдневие како да се снајдете со неслободните документи, како да ги заобиколите затворените стандарди и повеќе од тоа
  • разно

Повелете, придружете ни се!

Холандскиот парламент одобри план за прифаќање на ОДФ

На 12 Декември 2007 година горниот дом на холандскиот парламент официјално ги поддржа плановите на владата за задолжителна употреба на ОДФ од сите владини организации, за читање, објавување и размена на информации од 2008 година.

Преминот кон употреба на ОДФ е една од главните точки од долгоочекуваниот акциски план кој ја дефинира применетата политика за отворени стандарди и слободен софтвер на Холандија.
Сите холандски почитички партии со ентузијазам го поддржале ацискиот план кој во септември е предложен од државниот секретар за економски работи г-нот Френк Хемскерк.

Времеснката рамка за премин кон ОДФ е целосна употреба од страна на холандските државни тела до Април 2008. а на сите владини нивоа најкасно до Декември 2008. Овој амбициозен план беше е прифатен во целост и дури беа извршени дополнителни корекции за зголемување на буџетот за оваа програма, креирање на тим за брзо распоредување за справување со отворени стандарди и посебен план за воведување на ОДФ ( и други отворени стандарди) во холандскиот образовен систем.

Извори:

http://www.heise.de/english/newsticker/news/100520

http://www.betanews.com/article/Netherlands_war_against_Microsoft_advanc...

OOXML одбиен како ISO стандард

Иако сеуште нема официјални информации за гласањето и детали од процесот, првичните податоци говорат дека најверојатно OOXML НЕ Е одобрен како ISO стандард (други извори: Groklow, NOOXML, e-Week, PC World). Доколку оваа вест се потврди, ќе биде пријатно изненадување за сите кои беа во исчекување на резултатите, и само уште една потврда на мислењето за тие кои беа сигурни во негативниот став на ISO конзорциумот.

Обединетото Кралство гласало против, исто како и Ирска, Канада, Чешка и Кореа. Малезија била воздржана, додека (поради некоја сеуште нејасна причина) не е објавен гласот на Унгарија во списокот на гласовите.

И покрај многуте неправилности кои се појавуваа во неколку европски земји, а поврзани со крајните одлуки на нивните тела за стандардизација, се чини дека конечно Microsoft го добива тоа што го заслужува - неодобрување на полу-слободни формати како ISO стандарди, со обемна спецификација и други проблематични аспекти. Од Microsoft пак јавуваат за глобално прифаќање на нивниот формат како ISO стандард (на начин на кој само нивниот PR функционира) и најавуваат дека ќе добијат одобрение во втората рунда од процесот на гласање. Дополнителни информации во врска со текот на гласањето и конечниот исход ќе има за скоро.

Оригиналната вест е објавена на www.linux.net.mk

ОДФ валидатор

Користејќи го следниов сервис можете да ја проверите валидноста на вашите ОДФ документите кои сте ги создале користејќи софтвер кој го поддржува отворениот формат за документи.

Отворени формати

Отворен формат е објавена спецификација за зачувување на дигитални податоци, најчесто одржувани од организации за поддршка на слободни стандарди, со секаква слобода за користење. На пр. отворениот формат мора да може да биде имплементиран и за неслободен и за слободен софтвер, преку користење на неговата лиценца и во двата случаи. За разлика од отворените стандарди, затворените стандарди се контролирани и дефинирани од лични интереси. Отворените формати се подмножество на отворени стандарди.

Примарна цел на отворениот формат е да гарантира долгорочна заштита на податоците без тековна или идна несигурност по нивната интеграција и правни прашања поврзани со техничките спецификации. Исто битна цел е да се обезбеди конкурентност и натпреварување на полето кој ќе го направи форматот подобар, наместо форматот да се контролира од тој кој го произведува и кој го има во сопственост, забранувајќи било какви измени врз него. Владите во зголемен број покажуваат интерес за прашањата поврзани со отворените формати.

Петиција против стандардизација на Microsoft Office форматот

Македонската верзија на петицијата против изгласување на OOXML за ИСО стандард е ставена на


Не на OOXML!

Ако сметате дека е валидна, можете да ја потпишете.

Шест прашања за стандардизација

Фондацијата Слободен софтвер Европа, подготви документ од шест точки што треба да се дистрибуира до националните тела за стандардизација во секоја европска држава, по повод процесот на стандардизација на ECMA MS-OOXML стандардот за документи.

Подолу можете да ја најдете македонската верзија на овој документ, кој објаснува зошто нема потреба од стандардизација на MSOOXML, што не е во ред со него и зошто националните тела не треба да го стандардизираат.

Коај е потребата од стандарди за формарти на документи ако секој производител почне да продуцира сопствен стандард.

Норвешка предлага задолжителна употреба на ОДФ и ПДФ

Норвешка предлага задолжителна употреба на ОДФ и ПДФ од страна на Владата

Норвешка само што се придружи на големиот број на земји шурум европа кои преминуваат кон користење на ОДФ.
Норвешкиот совет за стандарди предложен од Владата, препорача ОДФ да биде задолжителен формат за размена на документи и преземање на документи кои може да се уредуваат, и ПДФ за објавување на докумнети кои не може да се уредуваат и менуваат на интернет.

Препораката, која ја претстави норвершката министерка за обнова Хајди Гранде Ројс ( од Социјалистичката партија),
исто така содржи и повик за приближување на ОДФ и ООXML се со цел да се избегне постоењето на два стандарди за иста употреба.

Препораките на советот ќе бидат предмет на јавна расправа, а мислењата треба да се достават пред 20 август 2007.

Потоа се очекува Владата да ја донесе одлуката откако ќе заврши јавната расправа.

Syndicate content